Илјадници демонстранти се собраа пред грузискиот Парламент откако грузискиот претседател и опозицијата повикаа на протести против официјалните резултати од саботните парламентарни избори, за кои рекоа дека се наместени, јавуваат странските агенции.
Грузиската влада и локалната Централна изборна комисија соопштија дека гласањето било фер и слободно, додека набљудувачите велат дека има значителни нерегуларности.
МИА


