Источна Шпанија е погодена од разорни поплави, кои однесоа најмалку 95 животи. Меѓу жртвите има и деца, а досега се извлечени телата на најмалку три бебиња. Снимките од воздух го покажуваат обемот на уништувањето.
Во една од операциите спасувачите од хеликоптер го снимиле подрачјето зафатено од поплавите, а сцените се шокантни.
Оние делови кои не се под вода се покриени со дебели слоеви кал.
На видеото се гледа поплавениот автопат, како и изорени ниви и куќи кои пливаат во матна вода.
Илјадници спасувачи и денеска се на терен, континуирано им помагаат на жртвите и трагаат по исчезнатите, од кои има десетици.
Се стравува дека бројот на жртвите ќе продолжи да расте, а колку е драматична ситуацијата покажува и фактот што судот во Валенсија е претворен во мртовечница, за да има каде да се сместат загинатите.
Во Шпанија е прогласена тридневна жалост, а премиерот Педро Санчез денеска треба да ја посети Валенсија, која најмногу настрада од поплавите. Материјалната штета е немерлива.
Medios del Batallón de Helicópteros de Emergencia #BHELEME del @EjercitoTierra se han incorporado a las labores de búsqueda y rescate con tres 🚁 Cougar y dos 🚁 EC-135 #JuntosSomosMásFuertes💪 #DANA pic.twitter.com/0XWOHZ7ttk
— UME (@UMEgob) October 30, 2024


