САД: Во моментов 8.000 војници од Северна Кореја се во регионот Курск

САД имаат информации дека 8.000 севернокорејски војници моментално се во руската област Курск, изјави заменик американскиот амбасадор во Обединетите нации Роберт Вуд пред Советот за безбедност.

„Имам прашање со почит до мојот руски колега: Дали Русија сè уште тврди дека таму нема војници на КНДР?“, изјави Вуд, повикувајќи се на формалното име на Северна Кореја, пренесе Ројтерс.

Рускиот претставник во 15-члениот совет на министри не одговорил на прашањето, наведува агенцијата.

Небензја на синоќешната седница изјави дека соработката меѓу Русија и Северна Кореја не го нарушува меѓународното право и не претставува закана за земјите од регионот.

Небензја упати прашање до Соединетите Американски Држави зошто е може целиот свет да ѝ помага на Украина и зошто Вашингтон наметнува став дека не може да ѝ се помага на Русија. По првичниот демант, Северна Кореја исто така тврди дека распоредувањето на нејзините војници во Русија е во согласност со меѓународното право.

САД, Велика Британија, Јужна Кореја, Украина и други ја обвинуваат Русија за кршење на резолуциите на Обединетите нации и основачката Повелба на ОН со повлекување на трупите од Северна Кореја, која долго време е под санкции на ОН со цел да се запре развојот на нуклеарно оружје и балистички ракети во земјата.

Најчитани вести