Четиринаесет лица ги загубија животите од удар од гром во северна Уганда

Четиринаесет лица го загубија животот од удар на гром на северот на Уганда Во несреќата повредени се и 34 лица, сите сместени во бегалски камп, соопшти локалната полиција.

Оваа несреќа се случила вчера во округот Ламво, а портпаролот на полицијата истакнал дека жртвите се уште не се идентификувани.

Инцидентот се случил во кампот Палабек, во кој претежно се сместени бегалци од Јужен Судан, додека жителите на кампот биле собрани во импровизирана метална зграда за молитва во која удрил гром.

Од полицијата додаваат дека нема извештаи за пожар кој би следел по овој трагичен настан.

Најчитани вести