Вучиќ разговараше со Дендиас: Благодарни сме на Грција што ја поддржува Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград имаше разговори со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендиас, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со министерот Дендиас разговаравме за сите теми од заемен интерес во областа на одбраната и безбедноста, унапредување на воената соработка и соработка во рамките на мировните мисии, како и за политичко-безбедносната состојба во регионот, напиша Вучиќ на свјот Инстаграм профил.

Тој додаде дека „ја истакнал важноста од долгогодишно пријателство и стратешко партнерство меѓу Србија и Грција и континуираната соработка со цел зачувување на стабилноста и мирот во регионот“.

-Му се заблагодарив на министерот Дендиас за поддршката што Грција ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на дијалогот, за почитувањето на меѓународното право, зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и залагањето за напредок на Србија на патот кон европската интеграција, соопшти Вучиќ. 

МИА

Најчитани вести