По победата на изборите, Трамп побогат за милијарда долари

Откако ја доби битката за Белата куќа, акциите на компаниите на Доналд Трамп драстично пораснаа.

Си-Ен-Ен пишува дека Доналд Трамп, новиот американски претседател, со победата станал побогат за повеќе од една милијарда долари, бидејќи акциите на Трамп медиа пораснале за 35 отсто во претпазарното тргување, а со тоа нивната пазарна вредност е околу девет милијарди долари.

Акциите што ги поседува новоизбраниот претседател, вкупно 114,75 милиони акции, вредат околу 5,3 милијарди долари врз основа на претпазарното тргување, во однос на 3,9 милијарди долари на денот на изборите.

Со месеци Трамп Медиа служеше како индикатор за предвидувањата на трговците за изборните резултати.

Како што се намалуваа шансите за победа на Трамп, така и цената на акциите на компанијата се намали на рекордно ниско ниво во текот на септември. Но, помеѓу 23 септември и крајот на октомври, вредноста на Трамп Медиа тројно се зголеми. Овој неверојатен скок беше поттикнат од предвидувањата на обложувалниците дека Трамп ќе влезе во Белата куќа.

Најчитани вести