Договорното производство на бессемена лубеница во организација на компанијата откупувач „Fres line“ и платформата Агротим годинава беше успешна мисија.
Задоволни земјоделци кои најавија зголемување на површините под оваа култура, но и најави за нови производители кои ќе се вклучат во проектот за сезона 2025 година.
Ако се размислувате дали да бидете дел од овој проект, погледете го искуството на фамилијата Здравески од село Мусинци и информирајте се за висината на инвестицијата и заработката од производството на бессемена лубеница.
За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од страна на земјоделските производители благодарение на информираноста од страна на Агротим и поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ во целокупниот процес.


