Шолц: Европа треба да остане силна по победата на Трамп

Европските лидери и во иднина ќе продолжат да работат добро со американскиот претседател, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.Тој додаде дека ЕУ мора да остане силна во услови на конфликти во Европа и на Блискиот Исток.-Ќе продолжиме да работиме добро со следниот американски претседател. Прашањето како тоа може да се постигне беше тема на нашата дискусија, рече тој по состанокот со другите европски лидери во Будимпешта.„Едно е јасно. Заедно, како Европска унија и како Европејци, мора да го направиме она што е неопходно за нашата безбедност“, рече германскиот лидер откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател.

МИА

Најчитани вести