Повеќе од два милиони прашања се испратени на директната линија за поставување прашања на Путин

На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот „Русија 24“.

Според податоците на телевизијата, утринава до 9 часот по московско време, на телефонската линија се пристигнати 2.003.165 прашања, а приемот на прашања ќе продолжи до крајот на традиционалната телевизиска прес-конференција.

Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува денеска напладне по московско времe.

МИА

Најчитани вести