Џек Шлосберг даде шокантна изјава по одлуката на Трамп да ги објави сите документи за атентатот

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се објават илјадници доверливи владини документи поврзани со атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година, но еден од внуците на Кенеди не е баш воодушевен од таа идеја.

Во четвртокот Трамп потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на поранешниот претседател, неговиот брат, сенаторот Роберт Кенеди, како и свештеникот Мартин Лутер Кинг Јуниор, пишува Хафингтон пост.

„Се ќе биде објавено“, рече Трамп пред новинарите.

Иако овие досега доверливи документи би можеле да помогнат да се потврдат или побијат многуте теории на заговор што се појавуваа во изминатите години, Џек Шлосберг, син на Керолин Кенеди и внук на Кенеди, не ја поддржа декласификацијата.

32-годишниот политички дописник за магазинот „Вог“ во објава на платформата „Х“ напиша дека „нема ништо херојско“ во објавувањето на документите.

„Вистината е многу потажна од митот – трагедија која не морало да се случи. Не е ни дел од некој неизбежен голем план“, напиша тој.

„Декласификацијата го користи ЏФК како политичка алатка, а тој самиот не може да му врати. Нема тука ништо херојско“, додаде тој.

Со оглед на тоа дека дедото на Шлосберг бил брутално убиен, многумина беа изненадени од неговиот став дека не гледа никаква вредност во објавувањето на документите поврзани со оваа трагедија.

Од друга страна пак, Роберт Ф. уште од поранешниот претседател Џо Бајден побара да ги објави документите во 2023 година, на 60-годишнината од атентатот.

Пред неговата инаугурација, Трам вети дека тоа ќе го стори и ќе ги објави сите документи.

Најчитани вести