Дали пукнала гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа, рече Вучиќ
На пат кон Мокрин се случил инцидент со возилото во кое се превезувал српскиот претседател Александар Вучиќ. На снимките кои ги пренесуваат српските медиуми може да се забележи дека се откачува тркало од автомобилот. По инцидентот возилото застанува и Вучиќ се префрлува во друго возило.
— AMiros (@miros_an27575) February 8, 2025
Вучиќ во изјава за „Информер ТВ“ рече дека не е повреден и дека истрагата допрва ќе покаже дали станува збор за пукната гума.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“,кажа Вучиќ.
Извор: 360степени


