Во Неготино одбележан празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“

Со прием на делегации во работниот кабинет на градоначалникот, започнаа денешните активности организирани од Општина Неготино, по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. На градскиот плоштад се одржа централниот настан со чинот на осветување на виновата лоза од страна на свештено лице од МПЦ и закројување на лоза,  од страна на  градоначалникот и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Тие посакаа годинава родот да биде квалитетн и богат, лозарите да добијат добри цени и навремена исплата, а винариите да произведат квалитетни вина и ракии. 

На централниот настан беа доделени признанијата и наградите на најуспешните индивидуални производители на вина и ракии од општина Неготино, а по одржаниот натпревар со дегустација, на кој пристигнаа над 60 мостри ракии и бели, црвени и розе вина, што пак беа оценувани од  комисија составена од енолози. Награди беа доделени и по распишаниот ликовен конкурс за учениците од трите училишта во градот и тоа за прво, второ и трето место, како и признанија и награди по литературниот конкурс  на тема ,,Свети Трифун”.

Присутните на плоштадот имаа можност да дегустираат вина и ракии и други изложени производи, а се одржа и базар со ракотворби од ученици, со напомена дека собраните средства ќе бидат наменети за солидарни цели, т.е. за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести