На овој начин можете да јадете леб без да чувствувате вина. Скоро сите го сакаат лебот, но кога станува збор за слабеење, една од првите работи на кои најверојатно ќе ја намалите е внесот на леб. Но, не мора да биде така – како и секоја храна, лебот е наменет за уживање. Ако сте загрижени за вишокот калории што ги внесувате од лебот, експертите открија трик со кој едноставните јаглехидрати во лебот ќе ги претворите во оние поздрави, „отпорни“.
Не треба да се грижите ако јадете кришка или две леб дневно, но ако не можете да се откажете од него, можеби ќе ви биде полесно ако користите трик кој наводно ќе го преполови бројот на калории што ги внесувате од лебот, пишува Дејли Меил.
Кога купувате или ќе испечете леб, ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи како готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но тоа значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее.

За повеќето луѓе, тоа е добра работа, бидејќи поголемиот дел од отпорен скроб значи дека телото побавно го вари еднаш замрзнатиот леб, што предизвикува поблаг скок на шеќерот во крвта од свежиот леб – и потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Најголемиот проблем со белиот леб е тоа што поради високиот гликемиски индекс пребрзо ја ослободува енергијата и на тој начин го зголемува нивото на шеќер во крвта. Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да избегнуваат бел леб, кој е идеален за појадок, бидејќи го забрзува метаболизмот, велат научниците. Освен тоа, замрзнувањето е најдобриот начин за продолжување на рокот на траење на лебот, пишува citymagazine.danas.rs.


