Приведени Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Јаоски

Бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јаоски се приведени во рамки на најновата акција која ја спроведуваат ОЈО ГОКК и Бирото за јавна безбедност, дознава Курир.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција потврди дека доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР се извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.

Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати.

Како што претходно објавивме започната е координирана акција против компаниите и поединци инволвирани во сомнителната набавка на мазут што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

Повеќе на Курир.мк

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести