Без вода денеска од 9:00 часот се дел од жителите на Општина Центар, лоцирани на улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф -100 милиметри на улица „Железничка“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
МИА


