Сестрата на исчезнатиот Миле, Марија Атанасиевиќ, се огласи на Фејсбук со потресен статус.
Неговата сестра секојдневно на Фејсбук моли за помош и пронаоѓање на нејзиниот брат.
Ох, од каде да почнам?
Секој ден се будам и помислувам сега ова што ни се случува е само голем кошмар, но вистината не е таква, таа премногу боли!
Солзите сами течат, не прикинуваат на помислата за тебе МИЛО БРАТЧЕ, напиша Марија Атанасиевиќ.
28 годишниот Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари околу 10 часот кај кавадречкото село Марена, висок околу 185 сантиметри облечен во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, додека дома му се личната карта и пасошот.


