СДСМ: Граѓаните најмногу ги иритира партизацијата, мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата, порача Филипче

Она што граѓаните најмногу ги иритира е партизацијата и политизацијата, мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата, порача денес лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Тој посочи дека слушајќи алармот и барањата на граѓаните, слушајќи го и алармот што го покренуваат и компаниите и бизнисите, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во којшто ќе се вклучат сите политички партии и други чинители во општеството.

Во тие стратегии, покрај состојбите во образованието, здравството, животната средина и владеењето на правото, особено треба да се работи на справување со партизираните институции.

„Младите луѓе имаат мора да имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво“ рече тој.

Филипче кажа дека за сите теми очекува да се види со премиерот Мицкоски, а потоа и со лидерите на сите други политички партии.

„Добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии, може за почеток на парламентарните партии. Ги видов реакциите, го видов и одговорот на премиерот и би му го образложил овој план и подетално на средба во следните денови. Потоа, се надевам дека, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во Кочани на површина извади многу системски пропусти и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата“ порача лидерот на СДСМ.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести