Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково.

Информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.

– Итната помош интервенираше со четири амбулантни возила. Три лица со тешки телесни повреди се пренесени во ГОБ 8 Септември, а едно во Свети Наум Охридски, појасни доктор Панов

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести