По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните институции, дека ќе чека одговор, кој и го скрати животот на нејзината ќерка која не успеа да се спаси од дискотеката „Пулс“, каде загинаа 60 лица, а почина и возач на Итната медицинска помош по 30-пати возење и разнесување на повредени, пренесува Скопје1.

„Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?“, рече мајка на загината девојка.

Река од граѓани, облечени во црно, ги оплакуваат нивните согрѓани, роднини, пријатели.


