Соседите ќе слават Велигден со македонско јагнешко месо, за нас глави од 80 до 100 денари

Месарите не се многу загрижени за тоа дали оваа цена е скапа, бидејќи до празникот килограм јагнешко може да стаса и до 800 денари. Иако не е според закон, тие не се откажуваат и од врзаната трговија што значи дека со половина јагне оди пола главче или дропчиња, пишува Слободен печат.

Од 80 до 100 денари (и тоа прашање е дали ќе ги најдете) деновиве се продаваат јагнешките главчиња, што е една шестина од цената на килограм јагнешко, кое во моментот се цени од 598 до 680 денари. Граѓаните се фрапирани од ваквите цени на, како што велат, „остатоците од извоз“, бидејќи Грците, Италијанците и Хрватите не ги сакаат овие јагнешки делови. Сепак, велат дека ги купуваат, колку да замириса трпезата, оти на најголемиот дел им е прескапо да издвојат најмалку 6.000 денари за половина јагне за Велигден.

Месарите не се многу загрижени за тоа дали оваа цена е скапа, бидејќи до празникот килограм јагнешко може да стаса и до 800 денари. Иако не е според закон, тие не се откажуваат и од врзаната трговија што значи дека со половина јагне оди пола главче или дропчиња.

– Главчињата посебно се продаваат по речиси 6 пати поевтина цена од еден килограм јагнешко месо. Ако веќе плаќам по 650 денари за килограм јагнешко, не мора така да ми се пресметуваат и внатрешните органи, кои посебно се продаваат по 189 денари за јагнешка дроб-сарма или 100 денари за едно главче. Истото се случува и со продажбата на прасечкото месо – вели една скопјанка.

И трговците признаваат дека на граѓаните не им се бендисува ваквата продажба, но велат дека ова трае со години, иако во последниве години сè почесто се караат со муштериите.
Од Организацијата на потрошувачи се децидни дека ова е уцена и се одвива надвор од законската трговска пракса.

Текстот во целост на следниот линк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести