Албанскиот владин партнер на стаклени нозе. Изборната листа за локалните избори ги оддалечи и ги раскара партиите од ВРЕДИ. Таравари веќе отворено зборува дека не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ, Меѓити пак му фрла ракавица или да остане во ВРЕДИ – или да оди на избори заедно со Ахмети.
Таравари, тврди дека од неговите партнери од ВРЕДИ добил дури и ултиматум.
– Позитивно гледам на идејата за нивен заеднички настап на изборите, но закани не прифаќам, дополни тој.
Меџити вели дека сите политички субјекти се за соработка и заеднички настап на локалните избори, единствено Таравари има дилеми – дали сака да биде со нас или со ДУИ. Несогласувањата во ВРЕДИ ескалираа при поделбата на советничките листи
Дали евентуалниот раскол во ВРЕДИ ќе донесе реконструкција на Владата, Таравари посочи дека се е во рацете на премиерот. Меџити пак рече дека за тоа треба да се проценат аргументите за и против, па дури потоа да се донесе одлука. Мицковски пак децидно одговори – дека владина реконструкција нема да има.
извор: 24.mk


