Поднесени се кривични пријави против четири лица за „организирање на отпор“ за немирите во Кочани кои избија ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“, дознава Инфомакс.
Покрај тоа, поднесена била и една кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем за случувањата во Кочани.
– По член 387 од Кривичен законик поднесени се 3 кривични пријави против 4 лица, По член 394-г од Кривичен законик поднесена е една пријава против едно лице. – стои во одговорот од МВР.
За организирање на отпор Кривичниот закон предвидува парична или казна затвор до три години


