Штети има, колкави се – допрва ќе се знае

Ситуацијата е прилично лоша, штетите врз овоштарниците се евидентни, следните денови ќе се сумира процентуално во колкав обем снегот и ниските температури ги имаат оштетено јаболките во Преспа вели градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски кој и самиот има овоштарник и смета дека временските неприлики се удар за целокупното земјоделие, а особено за јаболките кои според прогнозите годинава се очекуваше да остварат добар пласман и род од околу 150.000 тони.

Тозиески најави дека со министерот Трипуноски ќе извршат увид на јаболкниците, а идниот период општината ќе ја прави проценката за потоа да може да се изврши обештетување од страна на Министерството за земјоделие.

Штети ќе има и кај сливите, крушите, кајсиите и праските.Црешата можеби ќе помине полесно велат овоштарите.

Преспанските овоштари ланската година собраа род од 70.000 тони јаболко. Производството потфрли за 30%, но јаболкарите велат јаболкото е со екстра квалитет. Како ќе биде годинава ќе зависи од тоа колкаво ќе биде производството со оглед на новонастанатата ситуација со климатските промени оти намалениот пласман значи и раст на продажната цена.

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести