Трагедијата во Кочани го сплоти во тага и молитви сиот наш народ – вели поглаварот на МПЦ-ОА во велигденската порака

Трагедијата во Кочани за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и молитви сиот наш народ, но и сите оние што сочувствуваа со нас. Пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повреден во страшниот пожар во Кочани. Ова е пораката што во пресрет на празникот Велигден ја упати поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, посочувајќи дека овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега.

„Кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвено испраќање на овие млади луѓе и во привремената разделба со нив, ништо друго не можеше да ни даде сила и утеха освен простувањето од нив со бодра надеж во воскресението. Затоа, годинешнава велигденска светлина ја очекувавме и ја дочекуваме со уште поголема духовна усрдност“,пишува во велигденското послание на г.г. Стефан.

Според него, ова се миговите да се потсетиме и на оние што го жртвуваа и сопствениот живот за да спасат други животи оти, како што додаде, никој нема поголема љубов од таа да ја положи својата душа за своите пријатели.

Најчитани вести