(ВИДЕО) Ако се плашите судии, еве ние мајките ќе застанеме пред вас да ве браниме…само пресечето го тој синџир на корупција

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на дрога и корупција во Кочани, вели мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани, известува Инфомакс.

– Кој ги штити? Дај пресечете го тој синџир! – вели мајката низ солзи.

– Инспектори одат по фабрики, излегуваат со полни торби, не ручени, не друго, еден има што не им дава мито и на него цело време му пишуваат казни, вели мајката.

Родителите прашуваат зошто сите се пуштени од притвор речиси сите осомничени.

– Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански на времето а што се бореле? За да живее овој народ. Ние ќе се бориме за нашите деца, вели ужалената мајка.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести