Со транспаренти и слики од своите деца, семејствата на загинатите во кочанската трагедија дојдоа пред Обвинителството за да побараат одговори од институциите.
„Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има.“, „Затворени очи, отворени гробови, корупцијата пали побрзо од оган.“, Нема трагедија, има злосторство. Колку животи треба да се изгубат за да се подигне вашата свест“ , се дел од транспарентите.


