Идните политички чекори, но и активности на Таравари главни теми на Илинденска број 2 со премиерот Мицкоски.
Премиерот и денеска пред средбата му порача на Таравари дека важно е да покаже дали има образ или не иако како што рече досегашната соработка им била добра но преку некои работи не може да се помине и на маса ќе му даде како што рече две опции – реформи или опцијата која ја враќа земјата наназад.
Таравари пак денеска без преголеми очекувања. Порача дека на Мицкоски само ќе му ја пренел одлуката која ја донеле на централното претседателство на партијата дека на локалните избори ќе настапат со свои советнички листи и градоначалници а Мицкосски има право како што рече да одлучи како понатаму. Сепак утринава лидерот на крилото на Алијанса, кое што е во влада на социјалните мрежи му порача на премиерот декa неговатра партија нема да биде чамец за спасување.
Прашањата околу излегувањето на Таравари од владината коалиција станаа се поактуелни по неговата одлука за самостојни советнички листи и кандидати за градоначалници која пак Вреди не му ја простија и ја окарактеризираа како одлука која Таравари ја донел за сам ја донел да излезе од коалицијата но и го обвинија за соработка со првиот интегративец Ахмети иако пак неговиот коалициски партнер Села веќе порача дека Алијанса за Албанците е крајно време да се обедини но без Таравари.
извор: 24.mk


