Нема место во владата за соработниците на ДУИ. Вака тетовскиот градоначалник Биљал Касами ја коментираше средбата со премиерот Мицкоски и што тоа му пренеле на Илинденска број 2 со неговите коалициски партнери.
Касами денеска одговарајќи на новинартски прашања нагласи дека ова е нивниот став уште од почетокот на функционирањето на власата но и додаде дека веќе имало членови од крилото на Таравари кои се приближуваат кон Вреди.
– Соработка со ДУИ и Али Ахмети и останување во Влада и во Вреди не може, а тоа го го дадовме јасно како порака и до премиерот. За нас Алијансата на Албанците (АА) е важен фактор на партијата Вреди и затоа работиме и се молиме Алијанса да остане во Вреди, но сигурно без елементи, чинители за кои имаат докази и веќе јавно нели прифаќаат дека соработувале со ДУИ и со Али Ахмети. Веќе има многу гласови во рамките на Алијанса кои не се согласуваат со нивниот претседател, кој јавно кажува дека во одредени општини се подготвени да соработуваат и со ДУИ. – Биљал Касами.
ДУИ пак во своето партиско соопштение ги обвинија Вреди дека биле неми послушници на Мицкоски.
– На јавна сцена се понижуваат во обидот да му се допаднат на премиерот, кој од високо им дели лекции и им го покажува местото во коалицијата што за нив, тој го одредил. Ги понижува дотаму што бара од нив како деца да кажат што направиле грешка, што и како правеле, што им бил планот за локалните избори, да не кријат нешто. – ДУИ.
Во меѓувреме се поактуелно станува прашањето за внатрепартиските пребројуваа во крилото на Алијанса кое го предводи Таравари откако и министерот за добро владеење од неговите редови Арбен Фетаи а кој Таравари го назначи и како главен преговарач во релациите со Вреди се огласи преку Ф.Б статус дека нема намера да биде во биоло каква коалиција со ДУИ. На својот ф.б профил Фетаи напиша:
– Се уште верувам. Верувам дека Алијансата за Албанците ќе остане лојална на својот пат , достоинствено и храбро. И верувам дека со заедничка воља можеме да ја најдеме формулата за ослободување на која било албанска општина од лошото управување со ДУИ. Ова е нашата мисија. За оваа мисија ќе продолжам да се борам.
Прозивките меѓу Вреди и Таравари преку социјалните мрежи беа особено актуелни изминатите денови. Меџити, Касами и Ибраими го прозиваа Таравари, а пак тој и не беше многу отворен за коментари иако за утре веќе има најавено и средба со медиумите.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак за сега велат се останува исто, а средбите и со Вреди и со Таравари на Илинденска ги оценија како контруктивни а крајниот епилог се очекува да биде познат до крајот на месецот откако си дадоа уште малку време за преговори и пеглање на ставовите.
извор: 24.mk


