Филипче: Има страшна серија на проблеми за кои Владата не реагира, а тоа и е обврска – Цената на струјата, повратот на ДДВ на компаниите, високи цени во маркетите…

Владата има катастрофално лош перформанс во изминатиов период, во менаџирање на институции, економски политики, пад на индустриското производство, пад на извозот, сериозен пад на стандардот на граѓаните, цени во маркетите кои не се контролираат. Имате страшна една серија на елементи во кои Владата не реагира, а тоа и е обврска. Пример не реагира на повисоката цена на струјата, високите цени во маркетите, или односот кон синдикатите – како кажуваат, сами нека се договорат работодавачите и работниците – вели претстедателот на СДСМ Венко Филипче во поткастот Политикатни

Тој ја потенцираше за важноста од враќањето на ДДВ на компаниите кои поради доцнењето имаат проблем со ликвидноста.

– Се жалат компаниите на неликвидност поради доцнењето на повратот на ДДВ по неколку месеци. Во наше време поврат на ДДВ имаше секој месец, вели Филипче.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести