Започна протестот на Независниот синдикат на полицијата во Скопје

Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска напладне излегоа на протест пред судовите во Скопје, на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

– Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање, велат од Независниот синдикат на полицијата, организатор на протестот.

Според најавите,  по обраќањата учесниците на протетсот ќе се упатат пеш кон Судскиот совет. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести