Патнички авион принудно слетал на аеродромот во Сплит, го пречекале службите за итна помош

Патнички авион кој летал од Тирана за Осло денеска принудно слетал во Сплит.

„Станува збор за вонредно слетување, прогласена е готовност на сплитскиот аеродром, но сега се е во ред“, потврдија денеска за порталот Далмација од управата на аеродромот во Сплит.

„Патнички авион Боинг 737 со 131 патник попладнево принудно слета на пистата на аеродромот Свети Џером во Каштела“, пренесува Хина.

Најчитани вести