Во Србија се помалку луѓе на југоистокот, бројот на смртни случаи е 2,5 пати поголем од бројот на новородени

Бројот на жители на југоистокот на Србија, но и во целата држава, продолжува да се намалува, покажуваат најновите податоци на српскиот Завод за статистика за бројот на смртни случаи и бројот на новородени.

Во првиот квартал од оваа година, на подрачјето на јужна и источна Србија, се родени 1.878 бебиња, а починале 4.761 лице.

Бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања за 2.883, односно бројот на смртни случаи е 2,5 пати поголем од бројот на живородени.

Статистиката од лани не се разликува значително од овогодишната – во  првиот квартал од минатата година, во југоисточна Србија се родени 1.948 бебиња, а починале 4.735 лица.

Од јануари до април, низ цела Србија се родени 17.960 бебиња, а починале 33.495 лица.

Во исто време лани имало 19.372 новородени, а починале 34.436 лица.

МИА

Најчитани вести