Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

Во продолжение прочитајте повеќе за што сè може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира

– Физички лица:

  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец
  • Физичко лице без регистрирана дејност

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар кои вработуваат најмногу 50 вработени и имаат годишен обрт најмногу 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

За што може да се аплицира во руралниот туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување

Инвестицијата треба да биде во рурална средина и тоа според листата на Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД. Рурални подрачја според ИПАРД се населени места до 30.000 жители. Тоа значи дека за Мерка 7 од ИПАРД може да аплицираат баратели чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како Берово, Пробиштип, Богданци, Дебар, Кратово, Кочани, Делчево и други.

За повеќе информации и соработка со консултанти за изработка на апликации на телефонскиот број: 071 225 345

Извор: Агротим.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести