Стоилев: Во септември нов повик ИПАРД за Мерка 3, а до крајот на годината и за Мерка 7

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев изјави дека годинава се очекуваат два нови повици од ИПАРД 3 програмата.

Како ја преземавме должноста ИПАРД 3 распишавме еден јавен повик по мерка 1, уште еден јавен повик за мерка 7, го завршуваме јавниот повик од мерка 3, планираме во септември да се распише нов јавен повик од мерка 3 и уште еден јавен повик во 2025 за мерка 7 – изјави Стоилев во своето гостување во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Стоилев  објасни на кој начин се добиваат средствата од ИПАРД кампањата.

– За да се даде одговор треба да се задржиме на она што досега го добивме преку ИПАРД 1 и ИПАРД 2 кампањата бидејќи сега сме во дел на имплементирање на ИПАРД 3. Ако кажеме дека ИПАРД 1 кампањата беше со апсорпција или со искористеност некаде од само 12%, ИПАРД 2 ја завршивме како лидери во регионот со повеќе од 85% искористеност, што бевме од страна на ЕУ прогласени за лидери во регионот со оглед на големината на нашата агенција и капацитетите кои ги има нашата држава -рече тој.

Стоилов потсети дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се занимава со исплата на средства по одредени програми кои ги носи Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тие исплати мораат да бидат поткрени со одредена документација или доказ за остварено производство, одредени капацитети, одредена инвестиција или слично.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести