Американскиот Стејт департмент предупреди дека е можно прелетување на ракети и дронови над Ирак поради новонастаната ситуација на Блиски Исток по израелскиот напад врз Иран.
– Поради регионалните случувања, постојат индикации дека ракети и беспилотни летала може да летаат во ирачкиот воздушен простор. Во случај на таков инцидент, побарајте засолниште. Не изложувајте се на паѓање на остатоци, се наведува во безбедносното предупредување на Стејт департментот.
Ирак претходно ги суспендира сите летови и го затвори воздушниот простор.
Министерството за надворешни работи на Ирак денеска поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации поради нарушување на ирачкиот воздушен простор за време на израелски напад врз Иран.
Официјален Багдад го повика СБ на ОН да преземе одговорност и да дејствува за да се спречи повторно нарушување на суверенитетот на Ирак.
МИА


