Делоар: Македонија да ги заштити своите вина со географски ознаки ако не сака некој да ја копира

Македонија треба да ги заштити своите вина ако не сака некој да ја копира или имитира. Првиот и клучен чекор кон тоа, е воведувањето географски ознаки, порача денеска Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција.

Делоар пред денешната работилница што ја организираат Здружението на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“ и новоформираното Здружението за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“, потенцира дека македонските вина се веќе во редот на светските од аспект на квалитет.

-Македонските вина се веќе на меѓународното стандардно ниво во однос на квалитетот. Особено е познат вашиот „вранец“, а имате и многу интерeсен тероар (поднебје) што дава посебни специфики на производите. Треба да го заштитите тоа, зашто е ваше. Ако не сакате некој да ве копира или имитира, мора да го заштитите, а првиот чекор е воведување географски ознаки, тоа е круцијално, истакна францускиот вински експерт.

Според Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“, денешниот настан е пресвртница за македонската винска индустрија зашто по 15 – 20 години, конечно се промовира здруж

Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на здружението „Повардарски – ВРВ“, рече дека стандардите и елаборатите изготвени за воведување на географските ознаки, не се со повисоки барања од оние што македонските винари и лозари можат да ги воспостават. 

-Опфативме поголем број винари и лозари. Покрај стандардите за производство, се зема предвид и традицијата како еден од важните фактори во делот на географските индикации. Имаме одлични климатски и почвени усови, знаење и традиција, веќе е време сето тоа да го собереме и заштитиме. Моментно го имаме минимумот потребен од аспект на лозарски површини, но отворени сме за нови членови и соработка. Целта е да продолжиме со унапредување на лозартсвото и винарството, а ова е нареден чекор и ова е иднината, подвлече Плетварска Атанасов.

Светските вински индустрии како Франција и Италија, го почнале процесот на воведување географски ознаки уште пред 200 години. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести