За оние кои не можат да бидат на диета долго време, препорачуваме брза диета со домати, која гарантирано ќе донесе успех.
Оваа диета трае само шест дена и за тоа време можете да изгубите пет килограми. Покрај тоа, ќе го ослободи вашето тело од токсини.
Диетата базирана на домати е многу едноставна – четири оброци на ден, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволени се и чаеви без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Можете да јадете домати свежи, варени, печени во рерна или на скара.
Прв и четврти ден
Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Тестенини со доматен сос (сосот се подготвува со 400 г домати или 350 г конзервирано доматно пире, зачините се по желба).
Вечера – супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и лажица павлака.

Втор и петти ден
Појадок – грчка салата и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.
Вечера – Подгответе супа од две главици сечкан кромид пржен во маслиново масло, филе од ослиќ, два големи домати, зачини и лажица павлака
Трет и шести ден
Појадок – омлет со домати, 30 грама леб
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати
Ручек – Пилешко месо (150 грама) во доматен сос со печурки
Вечера – Говедско месо на скара (130 г) и шопска салата.


