Миграциите сè повеќе ги празнат малите места низ државата, а според најновите истражувања, речиси половина од младите во земјава, која според Евростат е на трето место по иселување во Европа, позитивно гледаат на Европската Унија, додека 46 отсто не веруваат дека Македонија ќе стане дел од неа.
Податоците покажуваат и дека семејства со деца на возраст до 10 години најмасовно заминуваат од Македонија.
Властите промовираат реформи, но миграциите ги празнат градовите. Причината за ова младите ја гледаат најмногу во непотизмот и лошиот стандард, а ваквото општо мислење кај нив е поради, како што велат и покрај сите најави и ветувања, суштински ништо не се менува.
Дека демографскиот аларм е вклучен и белата чума ја пустоши државата покрај многубројните истражувања потврдуваат и оние кои мигрирале од земјава. Штипјанката Билјана Пешевска долги години живее во Шведска и пред камерата на 24 зборува за животот таму.
За да се промени моменталната слика, на државата не ѝ требаат нови политики, туку треба само да се имплементираат постојните – покажува уште едно истражување на Балканскиот институт за регионална соработка, објавено овој месец.
извор: 24 вести


