На големо на терен растрчани кандидатите за градоначалници . Двајцата фронтмени за град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Орце Ѓеоргиевски и Каја Шукова веќе на терен и средби со граѓани но и купување искуства од други земји од регионот
. Со свои пораки во пресрет на предизборната кампања кој и што ќе направи за да го добие гласот на Скопјани . Од ветувања за Европски град до справување со чистотата и проблемите со јавниот градски превоз .
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски пак мотивиран од посетата која ја имаше на Љубљана се огласи преку соопштение
– Јавната чистота и јавниот превоз главен приоритет за иднината на Скопје . Овие денови со мојот тим престојував во работна посета на Љубљана град кој е примнер за ред чистота и функционалност . Од овие средби добив многу искуство знаење и идеи но и поддршка дека и тие се подготвени да испратат свои експерти кој ќе помогнат во решавањето на најгорливите прашања за нашиот град . Стои во објавата на Ѓорѓиевски.
И двајцата лути ривали од двете најголеми партии од албанскиот блок кој ќе ја трчаат битката за Чаир Бујар Османи и Изет Mеџити и денеска не пропуштија прилика да си одговорат на актуелните прашања откако Османи се пожали дека владата се однесувала премногу агресивно кон него – Меџити му возврати дека како што рече е вмешан во криминални зделки за повеќе случаи .
Иако кампањата официјално не е почната сепак активностите на терен на кандидатите се евидентни исто како и пораките кои си ги испражаат преку медиумите .
извор: 24.мк


