Електродистрибуција: Поради пожарот кај Вардариште превентивно исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”

По барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”, информираат од Електродистрибуција.

Оваа мерка, како што велат, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа.

-Нашите екипи се веќе на терен и се подготвени да интервенираат, но чекаат официјално одобрение од Противпожарната бригада за да можат безбедно да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија, нагласуваат од Електродистрибуција

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести