СДСМ: Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници

Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.  Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште,  извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба.

Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници.  Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.

Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.  

Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести