(ФОТО) Гушење во главниот град – Скопјани на протест против загадувањето

Скопјани попладнево излегоа на протест во Аеродром, револтирани од енормното загадување кое последниве недели го чувствуваат на своја кожа. Причина за незадоволството се честите пожари на депониите Дрисла и Вардариште, кои дополнително го влошија квалитетот на воздухот.

„Тешко се дише, секојдневно живееме во магла од чад и отрови,“ велат граѓаните кои побараа од надлежните итно да преземат мерки.

Криминалистичката полиција денеска разговараше со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека огнот е намерно подметнат.

Иако според Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) во периодот од 10 до 12 септември не се регистрирани надминувања на вредностите за сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и озон – граѓаните велат дека реалноста е поинаква: загадувањето се чувствува со секое вдишување.

Фото: Бриф.мк

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести