Соддинетите американски држави ќе воведат царина од 100 проценти на сите филмови снимени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат бомбони од деца. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам царина од 100 проценти на сите филмови снимени надвор од Соединетите Американски Држави. Ви благодарам за вашето внимание. ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Претседател DJT“, објави тој.
Како што пишува Ројтерс, Трамп се закани дека ќе воведе такви тарифи уште во мај, но понуди малку детали, што доведе до забуна кај лидерите во индустријата за забава.
Акциите на Netflix и Warner Bros Discovery паднаа пред тргувањето за 1,4 проценти односно 0,6 проценти.


