Филипче: ВМРО-ДПМНЕ си гласа закони со ДУИ, а во Скопје има коалиција со Левица, смешни им се спиновите

Во одговор на новинароско прашање, Венко Филипче  рече ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за тајни коалиции на СДСМ, бидејќи токму тие во изминатиот период соработувале со ДУИ и Левица кога им било потребно.

 „Ако некој соработуваше во Собранието со ДУИ за двотретинско мнозинство, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не го велиме ние, туку функционери на ДУИ кои јавно потврдија дека имало иницијативи за средби и соработка пред изборите. Истото важи и за градот, токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ коалицираа со Левица за да го блокираат Скопје,“ порача Филипче.

„Ние јасно и доследно кажуваме, СДСМ нема никаква коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Тоа се лаги кои веќе не поминуваат кај граѓаните,“ додаде тој.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести