Хаос во Виница откако кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ претепа друг кандидат за советник од редовите на партијата на Шабан Салиу.
Имено И.С. бил тешко повреден од Д.М., а лекарите се борат за да го спасат неговиот живот.
Ова е втор пат во рок од две недели Д.М. да го напаѓа И.С. кој неофицијално во моментов е во кома.
На видеото подоле поголема група на роднини и пријатели на И.С. и се закануваат на полицијата дека ќе ја запалат Виница каде Мицкоски вчера имаше митинг доколку И.С. подлегне на повредите.
Извор: Либертас
Видео: Инфомакс


