Најмалку едно лице загина, а стотици илјади домови и бизниси останаа без електрична енергија откако бурата Ејми донесе ветрови со брзина до 145 километри на час и поројни дождови низ Велика Британија и Ирска.
Во Северна Ирска, нов октомвриски рекорд на налети на ветер од околу 148 километри на час е забележан во областа Лондондери, објавува Скај њуз.
Во Ирска, околу 184.000 згради останаа без електрична енергија, додека во Северна Ирска се пријавени околу 50.000 прекини во снабдувањето
Ирската полиција потврди дека смртта на маж во четириесеттите години во округот Донегол е поврзана со бурата.
Во областа е воведена црвена тревога, а на жителите им е наредено да останат во засолништа.
Метеоролошката служба на Велика Британија издаде жолто предупредување кое ја опфаќа речиси целата земја, со предупредувања за опасни услови за возење, прекини во јавниот превоз, прекини на електричната енергија и опасни бранови.
Најсилните налети на ветер се регистрирани во северна Шкотска и Велс, но силните ветрови и обилни дождови влијаеја и на други делови од земјата.
Компанијата „ScotRail“ објави дека некои железнички линии се затворени, а ограничувањата на брзината се воведени на други правци, додека многу училишта во Северна Ирска се затворени од вчера попладне.
Симпотолозите предвидуваат дека најлошиот дел од бурата ќе помине до утре, кога се очекува Ејми да се движи кон Скандинавија.
Ејми е првата именувана бура во новата сезона, а следните ќе бидат именувани како Брам, Чандра и Дејв, пренесува Танјуг.
Storm Amy arriving in Donegal
— Martha (@MGonigle) October 3, 2025
earlier today .. pic.twitter.com/XrL9pWP05Q


