Бруклин Бекам ги блокирал родителите на Инстаграм?

Семејството Бекам повторно е во центар на вниманието откако обожавателите забележале дека Дејвид и Викторија Бекам повеќе не го следат на Инстаграм нивниот најстар син Бруклин Бекам Пелц, а ниту тој не ги следи нив.

Истото важи и за неговите браќа Круз и Ромео – тие повеќе не се следат еден со друг на социјалните мрежи.

Промените на Инстаграм доаѓаат во време кога се зборуваше за затегнати семејни односи, за кои се верува дека започнале откако Бруклин се оженил со Никола Пелц Бекам во 2022 година. Ниту Никола ги следи членовите на семејството Бекам, ниту тие ја следат неа.

Иако медиумите објавија дека родителите го „отпратиле“ нивниот син, Круз Бекам одговори преку Инстаграм Стори, наведувајќи дека оваа информација не е точна.

Според него, родителите не престанале да го следат Бруклин, туку „се разбудиле и сфатиле дека се блокирани“, исто како и тој.

Извори блиски на семејството велат дека тензиите траат веќе некое време и дека тие дополнително се засилиле по свадбата на Бруклин, поради наводни несогласувања меѓу Никол и Викторија Бекам.

Иако имало различни приказни за причините за конфликтот, семејството не излезе во јавноста во детали.

Бруклин неодамна објави порака на социјалните мрежи за поддршка на својата сопруга Никола, велејќи дека „секогаш ќе ја избере неа“, додека кратко потоа Круз објави емотивна порака до своите родители, дополнително поттикнувајќи ги шпекулациите за семејни поделби.

Сепак, извори тврдат дека односот не е неповратн нарушен и дека Дејвид и Викторија сè уште го сакаат својот син и се надеваат на помирување, иако се повредени од неговата моментална дистанца од семејниот живот.

Најчитани вести