Шпанската божиќна лотарија оваа година ќе им исплати рекордни 2,77 милијарди евра на добитниците, што е за 70 милиони евра повеќе од минатата година.
Основана пред повеќе од 200 години, оваа лотарија се смета за најстара во светот, а позната е и како најголема во однос на добитниот фонд.
Главната награда „el gordo“ (дебелата) е четири милиони евра за еден билет и ќе биде исплатена 198 пати оваа година – пет пати повеќе отколку во 2024 година.
Добитната комбинација на броеви беше 79.432, а беше извлечена во мадридската опера Театро Реал.
Добитните броеви ги испеаа двајца ученици од интернатот Сан Илдефонсо со гласни извици и аплауз од публиката.
Локалните медиуми објавија дека големите добивки им припаднаа на неколку купувачи на лотариски билети во Мадрид, но и во неколку сиромашни села во регионот Леон, кои беа тешко погодени од шумските пожари оваа година.
Втората награда, во вредност од 1,25 милиони евра, беше извлечена 15 минути по почетокот на лотаријата. Извлечениот број бил 70.048.
Божиќната лотарија не е само игра на среќа во Шпанија, туку ритуал кој е составен дел од предбожиќната атмосфера.


