Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, како и по Известувања за утврдена фактичка состојба.
Советот ќе формира и комисии на известители по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, по што следува точката разно.
МИА


