Хаос во Чачак на прославата на православната Нова Година: Пејачката исвиркана и гаѓана со снежни топки

Ана Бекута синоќа имала настап на градскиот плоштад во Чачак, а за нејзиниот концерт биле издвоени 4.500.000 динари или околу 40.000 евра, во услови на големи проблеми низ Србија поради обилните снежни врнежи.

Револтираните граѓани излегле на плоштадот за да го изразат своето незадоволство од тоа што градскиот буџет се троши за новогодишен концерт, наместо за помош на луѓето.


Како што објавила активистката Славица Петровска од Чачак, само за една ноќ и еден настап на Ана Бекута, од градската каса биле издвоени четири и пол милиони динари. Оваа информација се проширила меѓу граѓаните на Чачак кои го изразиле своето незадоволство за време на концертот на Бекута синоќа.
Како што може да се види од снимките на социјалните мрежи, пејачката слушала свирење во текот на целиот настап, а во еден момент рекла дека никогаш не доживеала вакво нешто „во нејзината 40-годишна кариера“.


Потоа Бекута побарала помош од полицијата, иако не била загрозена на никаков начин, освен со свирежи и повремено гаѓање со снежни топки.


Пејачката на крајот се откажала, се качила во комбето и оттаму пеела. Ниту овој потег не бил дочекан со ентузијазам, а таа и понатаму била опкружена со граѓани кои ја исвиркувале, објави Н1.

Најчитани вести